Лавров за новиот британски премиер: Трас однапред има негативен став кон Русија

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Новата британска премиерка Лиз Трас однапред има негативен став кон Русија, додека во сегашните околности за Лондон би било поважно да ги реши односите со најблиските соседи, вклучително и Франција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров оцени дека Трас има приоритет пред конечно да го одреди својот однос кон Русија, а тоа е да разбере дали францускиот претседател Емануел Макрон е пријател или непријател, пренесе ТАСС.

Лондон се обидува да го компензира губењето на влијанието во Европа со агресивно мешање во ситуацијата во врска со Украина и бранење на нејзините интереси без да ја земе предвид позицијата на другите земји, посочи Лавров.

За време на предизборната кампања минатиот месец, Трас рече дека сè уште не одлучила дали францускиот претседател е пријател или непријател.

Трас рече дека Лондон ќе продолжи да дава поддршка за Украина, која вклучува значителни воени и финансиски ресурси, пренесе ТАСС.

Слични содржини