Лавров за санкциите на Киев против Путин: Оставете ги децата да си играат

од Берта Китинска
307 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не верува дека санкциите што ги воведе Киев против рускиот претседател Владимир Путин и другите руски политичари бараат одговор од Москва.

Во указот, кој стапи на сила во четвртокот и беше објавен на веб-страницата на украинскиот претседател, се прецизираше дека на Путин му е забранет влез во Украина и дека му се укинати визите и блокиран целиот имот, без да се прецизира за кој имот се работи.

Сите руски министри, како и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се под санкции, кои беа одобрени од Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.

Според директивата на Зеленски, 236 руски универзитети како и нивните лидери се под санкции.

Одговарајќи на прашањето за воведените санкции, министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров рече дека потезите на Киев не се вредни за коментирање.

– Мислам дека не вреди конкретен чекор од наша страна, нека си играат децата, а не да плачат – рече Лавров, пренесуваат медиумите.

Слични содржини