Лавров за Зеленски: „Зборува сè, зависи од тоа што пие или пуши“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во опширно интервју за телевизијата „Тајмс оф Индија“ ја бранеше руската инвазија на Украина, користејќи ја веќе познатата реторика и оправдувањата на Кремљ за „специјална воена операција“.

Тој го потврди почетокот на руската офанзива во источна Украина, наведувајќи дека „специјалната воена операција влезе во втората фаза“, и рече дека „во оваа фаза“ Русија нема да користи нуклеарно оружје.

Запрашан да ја коментира изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој минатата недела рече дека Русија може да користи тактичко нуклеарно оружје, Лавров со потсмев рече: „Зеленски зборува сè. Зависи од тоа што пиеш или пушиш“.

Слични содржини