Лавров: Западот сфати дека молскавична војна со цел да се победи Русија е само илузија

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

Не постои можност Русија на кој било начин да биде поразена во конфликтот во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на големата годишна прес-конференција.

„Оние кои не учеле историја, а такви има многу на Западот, а не знаат ни географија, можат да фантазираат за поразот на Русија“, рече Лавров.

Според него, на колективниот Запад му е тешко да признае дека погрешил во врска со Украина, но е свесен за тоа.

Министерот, исто така, нагласил дека Западот разбрал дека молскавична војна со цел стратешки да се победи Русија е илузија.

„Оние кои ги отежнуваат преговорите треба да разберат дека колку подолго одолговлекуваат, толку потешко ќе се постигне договор“, рече рускиот дипломат.

Кога станува збор за безбедносниот договор меѓу Украина и Велика Британија, Русија не гледа ништо што е правно обврзувачко, рече рускиот министер.

Покрај тоа, Лавров истакна дека Русија не е премногу загрижена за прашањето за изборите во Украина.

Тој, исто така, оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се повеќе се „им бега од раце“ на западните партнери.

„Западот, охрабрувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да организира избори, сака да го врати на патеката на сопствените интереси“, посочи министерот.

Шефот на руската дипломатија изјави дека Русија ќе ги постигне целите на специјалната воена операција, пренесува „Спутник“.

Слични содржини