Состојки:
– околу 600 гр тиквички
– 50 гр путер
– 1 лажичка сув билен зачин
– 1 лажичка бел бибер
– 12 листови лазања
– 100 гр горгонзола
– 50 гр моцарела
– 15 гр пармезан
– сол
Бешамел:
– 50 гр путер
– 50 гр брашно
– 1 литар млеко
– 1 лажичка сув билен зачин
– 1 лажичка бел бибер
– сол
Подготовка:
Измијте ги тиквичките и исечете ги по должина на тенки ленти
Пржете ги на путер, посипете ги со суви билки, посипете со бибер и извадете ги од шпоретот.
Варете ги лазањите во солена вода околу три минути, во која сте додале неколку капки масло за да не се залепат листовите.
За бешамелот:
Во путерот лесно испржете го брашното. Постепено додавајте го топлото млеко со постојано мешање додека не добиете мазна, густа смеса. Додадете суви билни зачини, бибер и сол доколку е потребно.
На дното на огноотпорен сад ставете малку бешамел, наредете ред лазањи, премачкајте ги со бешамелот, тиквичките, ренданата моцарела и сечканата горгонзола.
Врз тоа ставете ги листовите лазањи и повторете ја постапката, така што на последниот лист за лазањи ставете ги бешамелот, ренданиот кашкавал и пармезанот.
Се пече околу 25 минути во рерна загреана на 220 степени.