Лазањите не мора да бидат само со црвено мелено месо, бидејќи со нив одлично оди и пилешкото измешано со вкусни печурки и спанаќ.
Овие малку поинакви лазањи ќе ги обожаваат сите:
Состојки:
3 пилешки гради
2 ловорови листови
1 лажица маслиново масло
4 лажици сечкан лук
250 гр шампињони, исечени
250 гр свеж спанаќ
Суви листови за лазања
50 гр пармезан, рендан
1 лажичка сушен босилек
Голем грст лебни трошки
За сосот:
100 гр путер
100 гр обично брашно
750 мл млеко
1 кафена лажичка сенф
140 гр чедар сирење, рендано
Подготовка:
Во тенџере ставете ги пилешките гради и ловорот и прелијте ги со ладна вода. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја на тивок оган и варете 20 минути.
Во тавче на средна температура пропржете го лукот и печурките седум минути, измешајте го спанаќот, зачинете и тргнете го од оган.
Свареното пилешко исецкајте го и ставете го во тавче со печурките. Се меша заедно и се остава на страна.
За сосот, растопете го путерот во тава. Промешајте го брашното и додајте го млекото додека мешате. Додадете го сенфот и мешајте уште 3 минути. Се трга од оган, се додава чедарот и се става во фрижидер 10 минути. Во тавата додадете слој варено пилешко.
Покријте со листови лазања, додадете слој сос од сосот. Повторете.
Во помал сад измешајте пармезан, босилек и лебни трошки и посипете ја лазањата.
Загрејте ја рерната на 180 ° C и печете од 45 минути до еден час.
Пријатно!