Во потрага по вкусни и креативни идеи за ручек или вечера, ви носиме рецепт за освежително ново издание на класичен италијански деликатес – лазањи со тиквички и кашкавал.
Состојки:
* 600 гр тиквички
* 50 гр путер
* лажица сув зачин
* 12 кори за лазањи
* 100 гр горгонзола
* 50 гр моцарела
* 15 гр пармезан
За бешамелот:
* 50 гр путер
* 50 гр брашно
* литар млеко
* лажица сув зачин
* сол, бибер
Подготовка:
Измијте ги тиквичките и исечете ги по должина на тенки парчиња. Пропржете ги кратко на путер, додадете сол, бибер и зачини по вкус, па тргнете ги од оган.
Варете ги корите во солена вода неколку минути.
Загрејте го путерот во тенџере, додадете го брашното и пропржете со мешање. Постепено додавајте млеко и мешајте додека не се добие густа и мазна смеса. Сол, бибер и зачинете по вкус.
На дното на огноотпорен сад ставете малку бешамел сос, одозгора ставете слој лазања, прекријте со тиквички, моцарела, горгонзола и пармезан, па покријте со уште еден слој лазања. Повторете ја постапката се додека има материјал.
Завршете со бешамел сос, па печете во рерна на 220 степени околу 25 минути.
На здравје!