Состојки:
– 1 пакување лазањи
– 750 мл доматен сос
– 250 гр мелено говедско месо
– 1 главица кромид
– сол, бибер
– 250 мл павлака
– 250 гр сечкан спанаќ
– 150 гр фета сирење
– неколку лажички нане
Бешамел:
– 3 лажици путер
– 3 лажици брашно
– 1/2 л млеко
– 200 гр кашкавал
Подготовка:
Запржете го меленото месо со кромид и зачинете по желба.
Измешајте павлака со сечкан спанаќ, фета сирење и нане. Додадете сол и бибер по вкус.
Наредете еден слој домати, па листови лазања, па слој сирење и спанаќ, па слој месо, па повторно слој домати и така додека не се потроши смесата. Завршете со листови лазања.
Покријте и печете 25 до 30 минути на 200 степени додека сè внатре не омекне, потоа откриете, полијте со бешамел сос и печете непокриено уште 15 минути додека не порумени, па извадете го од рерната.
Покријте и оставете да се излади најмалку 30 минути пред да послужите за полесно да се сече.
За бешамелот растопете го путерот на умерена температура. Додадете брашно и млеко и варете полека додека се згусне со постојано мешање.
Кога ќе згусне додадете го ренданиот кашкавал, мешајте додека не се растопи, а потоа тргнете го од шпорет. Почекајте малку да се излади, па прелијте ги лазањите со него.