Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет: Имал 95 телефонски контакти со обвинет

од Илинка Илиоска
68 прегледи

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Оваа одлука беше донесена попладнево од највисокото судско тело, кое претходно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев. Седницата се одржа зад затворени врати, за да се заштити угледот и интегритетот на Нанев.

Подносител на барањето за утврдување на одговорност беше претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, со која Нанев беше во отворен конфликт неколку месеци.

Одговорноста на Нанев се бараше поради објавата дека имал 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел лично, а против него се водеше уште една постапка пред Судскиот совет.

Слични содржини