Лазаревски: До каде сте со љубовта, господо попови?

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Во 2263 година кон Земјата доаѓа жива огнена топка која сака да уништи сè живо, на местото на животот – носи смрт, на местото на светлината – вечен мрак. Светот и векот како што го знаеме ќе престане да постои и засекогаш ќе царува злото. Ова не е пророштво за некој Армагедон, не е визија на некој јасновидец, или светец, туку дел од приказната на филмот „Петтиот елемент“ на Лук Бесон од 1997 година. Одличен и забавен филм во кој главните јунаци Далас Корбен и Лилуминаи Лекатариба Ламина – Чаи Екбат Де Себат, или скратено: Лилу, тргнуваат во трка со времето за да ги најдат четирите мистични камења посветени на четирите елементи – вода, воздух, земја и оган со кои треба да се победи злото и да се спаси најголемото богатство од сите – животот.

Од почеток на филмот, знаеме дека Лилу е врвното битие, онаа која треба со помош на четирите елементи да го спаси животот во универзумот, она што не го знаеме е дека врвното битие е всушност љубовта. Низ перипетиите на филмот, Лилу го осознава нашиот свет кој е загаден до немајкаде, заразен со беспричински консумеризам и посветен на војни и разорувања, па постепено ја губи вербата за во пресудниот момент, резигнирана и скршена од нагонот за самоуништување на човештвото, да го праша Корбен: „Зошто да се спасува животот, гледаш и самиот што правите со него?“ За момент, целата публика се согласува со Лилу, но Бесон преку Корбен го нуди единствениот одговор кој е доволно валиден за да му даде шанса за опстанок на живототи и да го победи злото: Заради љубовта.

Деновиве се разгорува нешто што наликува на дебата околу законот за родова рамноправност, сексуалното обраование, што е жена, што е маж, кој каде припаѓа и каде му/и е местото. Институцијата црква, која по Устав и закон е одвоена од државата, се обидува директно да влијае врз носењето закони што е домен на државата, врз постулатите на образованието што е исто така домен на државата и врз положбата и статусот на жените, ајде да повториме – домен на државата. Секуларноста на државата не е одбрана случајно, или како нечиј хир, туку свесно – како најдобро решение за создавање на модерна земја во која заедно живеат разни верски групи, разни етнички заедници и заедници со различни убедувања и идентитети. Колку што се одвојува државата од верските влијанија врз нејзиното устројување, што се прави за да се избегне конфликт меѓу различните религии, толку се штитат и верските заедници од влијанието на лаичките власти врз нивното постоење.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини