Лазаров: Бугарија го надоградува договорот како што ним им одговара

Во рамки на своето гостување во 24 анализа, претседателот на македонско-бугарската Стопанска комора, Кирил Лазаров посочи дека договорот значи добар почеток, со оглед на внатре опишаните општи работи, но од друга страна вели, дека Бугарија го надоградува договорот како што ним им одговара.

„Тој Коридор 8 не се споменува во договорот, а сега тие го наметнуваат барањето за да се оправдааат зошто не блокирале. Што Бугарија има направено за Коридор 8? Коридор 8 е коридор којшто беше ставен највисоко на агендата на Берлинскиот процес. Тоа значи поврзување на Црното со Јадранското море и тоа е стратешко поврзување на земјите кои гравитираат околу Црното море со Италија и Албанија“, истакна Лазаров.

 

Слични содржини