Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Men’s EHF EURO 2026 кое што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија се најде во групата 1 заедно со Словенија, Литванија и Естонија.
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“.
Пласман на Европското првенство 2026 година ќе обезбедат екипите кои ќе завршат на првото и второто место во групата, како и четирите најдобро третопласирани екипи.