ЛАЖЕН КОЛ-ЦЕНТАР: Измамници во Германија собрале најмалку 650.000 евра

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Лажниот кол-центар во Косово повеќе не работи – го затворија заеднички криминалната полиција на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг (ЛКА) и косовските безбедносни служби, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Минатиот четврток германски полицајци присуствувале на претрес на објекти во Косово, соопштија од ЛКА и Обвинителството во Констанца.

Не кажаа каде точно се наоѓа телефонскиот центар.

При претресот е уапсен наводниот 26-годишен организатор. Инспекторите заплениле докази и нелегално поседуваното огнено оружје.

Од овој центар за повици оперираа измамници на меѓународно ниво. Во Германија е направена штета од над половина милион евра.

Истрагата утврдила дека мрежата специјализирала за т.н „измама за наплата“. Жртви на таквите измами се луѓе кои веќе изгубиле пари на лажни инвестициски платформи.

Насилниците од „кол-центарот“ лажно се претставуваат како вработени во финансиски институции и ги измамуваат тврдејќи дека ќе ги добијат изгубените пари. За ова однапред им била побарана провизија. Жртвите често плаќале електронски или во готово.

Наместо да ги вратат изгубените пари, тие дополнително биле ограбени. Само во Германија измамниците со вакви „провизии“ собрале најмалку 650.000 евра.

Слични содржини