Лажен Конор Мек Грегор дилал дрога во Англија, пријавен од друг криминалец

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Лажен Конор Мек Грегор ќе помине две години и девет месеци зад решетки бидејќи дилал дрога во Англија. Ситниот криминалец Марк Наџи (34) ја пуштил брадата за време на карантинот и одлучил да се претстави како „Конор“ на улица кога ќе продава дрога.

За потребите на имиџот, тој исто така изнајми луксузен автомобил, и изработил визит-картички на кои пишувало „Мек Грегор Ентерпрајз“. Во предградијата на Лондон, Наџи успеал да продаде неколку пакувања со дрога пред да биде фатен, соопшти полицијата.

Наџи бил препознаен од еден криминалец кој повикал полиција и им пријавил дека на улицата во Сари „оперира“ лажен Конор Мек Грегор.

Слични содржини