Лажен веган: Деми Ловато прво галеше, а потоа испече мисирка

од Vladimir Zorba
469 прегледи

Деми Ловато моментално трпи брутални критики и навреди од лутите обожаватели на социјалните мрежи, поради неодамна објавените фотографии од мисирката што најпрво ја галеше, а потоа ја испече во рерна.

Имено, поп-sвездата своевремено се нарече себе си веган. Таа дури промовираше организации за заштита на животни. Меѓу другото, така е направена фотографијата на која Деми гали мисирка на фарма.

Сепак, само еден месец по милување со животното, Деми се одрече и покажа дека, како што велат обожавателите, таа е лажен веган кој пече мисирка за американските празници.

Таа на своите „Инста“ приказни објави фотографија од печена мисирка од рерна, што разбесни многу фанови ширум светот.

Некои обожаватели наведуваат дека им е лошо од лажното морализирање на Деми, како што велат, и дека не можат да го поднесат фактот дека таа не се придржува кон работите што инаку ги промовира во приватниот живот.

Слични содржини