Денеска беше објавено дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ставила крај на деветмесечната врска со комичарот Пит Дејвидсон.
На социјалните мрежи наголемо кружи теоријата дека Ким навистина не раскинала со партнерот, туку дека веста ја лажира нејзината мајка за да го одвлече вниманието од другите вести.
Имено, истиот ден беше објавено дека Клои Кардашијан добила второ дете со својот поранешен партнер, Тристан Томпсон, преку сурогат мајка.
И можеби сето ова не би било толку чудно доколку Клои не раскинеше со Томпсон пред неколку месеци затоа што тој доби дете со друга жена.
Сето ова, според оние кои со години го следат семејството Кардашијан, ѝ донело лош публицитет на Клои, а вниманието треба да се сврти на нешто друго.
Мајката на сестрите Кардашијан важи за медиумски магионичар и личност која е одговорна за нивните „кариери“, па не е сосема неверојатно да ја измислила лажната вест за раскинувањето на нејзината ќерка, за да ја заштити другата наследничка.