Лажна била дојавата за бомба во полскиот авион кој принудно слета во Подгорица

од Илинка Илиоска
105 прегледи

Управата на црногорската полиција вечерва соопшти дека во авионот на полската авиокомпанија ЛОТ, по извршен увид не била пронајдена експлозивна направа.

Како што соопштија, екипажот на летот Варшава – Подгорица ги известил службениците на Полициската управа дека во авионот била поставена експлозивна направа.

„Имено, за време на летот над Унгарија, екипажот бил информиран од вработените на аеродромот во Варшава дека добиле дојава дека во наведениот авион е поставена експлозивна направа, со која информација екипажот ја известил црногорската полиција при слетувањето на аеродромот“, соопшти полицијата.