143
Не се пронајдени опасни материи, аеродромот сега работи нормално, објавија на веб-страницата од софискиот аеродром.
Во соопштението од аеродромот се наведува дека не е пронајдена експлозивна направа или опасни материи и на патниците им дозволено да се вратат на терминалите.
Претходно два терминала на аеродромот во Софија беа затворени по анонимна дојава за поставена бомба.