170
МВР информира, лажна е дојавата за бомба во училиште во Охрид.
Како што информира МВР, направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, соопштуваат од МВР.