Лажната војна на Саудиска Арабија против тероризмот

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

 

Вахабизмот меѓу другото промовира покорување на жените и смрт на „безбожниците‟. Да го цитирам претседателот на САД Барак Обама кога објаснуваше што мотивирало брачна двојка од пакистанско потекло неодамна да го изврши нападот во Сан Бернардино во Калифорнија, тоа е „перверзна интерпретација на исламот‟ и идеолошка мајка на џихадистичкиот тероризам. Меѓу неговите никулци се Ал Каеда, талибанците, Боко Харам, Ал Шабаб и Исламската држава, при што нетрпеливоста кон несунитите и антимодерниот романтизам кај сите нив прерасна во нихилистички бес. са

Саудиска Арабија финансиски го поддржува исламистичкиот тероризам уште од кога во 1970 година поради растот на цената на нафтата е зголемено богатството на земјата. Според извештајот на Европскиот парламент од 2013 година, околу 10 милијарди долари кои Саудиска Арабија ги инвестирала за својата „вахабистичка агента‟ на југот и југоистокот на Азија „се пренасочени‟ на терористичките групи, вклучувајќи ја Лашкар-е-Таибу, која ги изведе терористичките напади во Бомбај во 2008 година.

Западните лидери со години ја препознаваат улогата на Саудиска Арабија. Во дипломатска телеграма во 2009 година, тогашната државна секретарка Хилари Клинтон ја претстави Саудиска Арабија како „најважен извор на финансии на групации на сунитски терористи во светот‟. Во голема мера благодарение на заинтересираноста на Западот за нафтата во Саудиска Арабија, Кралството сепак не се соочува со меѓународни санкции.

Сега со растот на терористичките движења како што е Исламската држава се менуваат приоритетите. Како што неодамна германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел рече во едно интервју: „Мораме јасно да ставиме до знаење на Саудијците дека времето на пикање под килим помина‟. Тој пресврт го поттикна Кралството да воведе „построги мерки‟ против поединци и групи кои го финансираат тероризмот. Меѓутоа, според неодамна објавениот извештај на Стејт департментот, некои хуманитарни организации со седиште во Саудиска Арабија и некои донатори и понатаму ги финансираат сунитските екстремисти.

Гледано од оваа перспектива, тоа што Саудиска Арабија прогласи воспоставување на антитерористички сојуз од 34 земји со заеднички оперативен центар во Риад, претставува логичен чекор чија цел е намалување на се посилните критики од Западот и истовремено поттик на сунитското влијание на Блискиот исток. Но, секако, тој сојуз е фолирање, што станува јасно со деталната анализа на неговото раководство.13122015152835_саудиска арабија

Многу зборува тоа што сојузот ги вклучува се поглавните светски спонзори на екстремистички и терористички групи, од Катар до Пакистан. Тоа е како нарко-картел да тврди дека предводи компанија против наркотици. Наброени како членови на алијансата се и сите џихадистички бази, освен во Авганистан, вклучувајќи ги со војна погодени Либија и Јемен, при што ни едната ни другата моментално не ги води една влада.

Дури, наспроти тоа што е промовиран како „исламски‟ сојуз, чии членови доаѓаат од „целиот исламски свет‟, групата претежно ги вклучува христијанските Уганда и Габон, но не Оман (пријателски шејкат од Персискиот Залив), Алжир (најголема африканска земја) и Индонезија (најмногубројна исламска земја).

Тоа што не е вклучена Индонезија, која има речиси двојно повеќе муслимани од целиот Блиски исток, не изненадува само поради нејзината големина, додека во повеќе земји во сојузот владејат деспоти и автократи, Индонезија е силна демократија. Автократското владеење во исламските земји има тенденција да ги зајакне џихадистичките сили. Но, кога демократијата ќе пушти корени, како што е тоа случај во толерантната и секуларна Индонезија, со судирот меѓу умерените и екстремистите може подобро да се управува.

Дисфункционалниот пристап на Саудиска Арабија се одразува во фактот дека некои членови на сојузот, вклучувајќи ги Пакистан, Малезија, Либан и Палестинската управа, веднаш изјавија дека всушност никогаш не се приклучиле. Се чинеше дека Кралството смета дека таа одлука може да ја донесе во име на главните примачи на неговата моќ.

На тоа додадете го неизненадувачкото исклучување на Иран со кој раководат шиити од Ирак, заедно со Сирија под раководство на Алавитите и јасно е дека Саудиска Арабија само вешто создаде претежно сунитска групација за развој на нејзините секташки и стратешки цели. Тоа се совпаѓа со конзервативниот политички пристап кој пушти корени откако кралот Салман стапи на престолот во јануари 2015 година.

Дома власта на Салман до сега означи голем раст на бројот на смртните казни со обезглавување, кое често го извршуваат во јавноста, што е метод кој често го емитира Исламската држава. Пошироко гледано, тоа значеше очигледно преферирање на насилни решенија во Бахреин, Ирак, Сирија и Јемен.

Една помала арапска коалиција под раководство на Саудијците го бомбардира Јемен од март, со цел да ги натера на повлекување бунтовниците шиитските Хути кои ја освоја престолнината Сана, откако ја срушија владата која уживаше поддршка од Саудијците. Саудиски воени авиони ги бомбардираа куќите, пазарите, болниците и бегалските центри во Јемен, што доведе до тоа критичарите да го обвинуваат Кралството дека намерно ги тероризира цивилите за да го сврти јавното мнение против Хутите.20160103.trsiuhzhri

Решението на Саудиска Арабија често ги негираат целите на американските сојузници. Така на пример, Кралството и неговите арапски партнери тивко излегоа од војната која се води во воздух во Сирија под раководство на САД и ја оставија кампањата главно во рацете на Американците. Но, надвор од рамките на стратешките манипулации на Саудиска Арабија, лежи суштински проблем од кој почнавме – официјалната идеологија на Кралството основа суштински терористички уверувања. Заколнатите непријатели на исламистичкиот тероризам не промовира насилен џихадизам. Ниту ги апси ниту ги обвинува за „тероризам‟ домашните критичари на неговата средновековна интерпретација на исламот. Саудиска Арабија го прави и едното и другото.

Тоа укажува на главните недостатоци на денешниот милитаризиран пристап во борбата против тероризмот. Ако ширењето на опасната идеологија како што е вахабизмот не се спречи, никогаш нема да биде извојувана победа во глобалната војна против тероризмот. Без оглед на тоа колку бомби ќе фрлат САД и нејзините сојузници, мадресите кои ги финансира Саудиска Арабија и понатаму ќе индоктринираат џихадисти на иднината.

Автор: Брахма Челани, професор по стратешки студии во Центарот за политичко истражување, чие седиште е во Њу Делхи. Исто така е соработник на Академијата Роберт Бош во Берлин

www.project-syndicate.org