Засега непознати вооружени лица облечени во полициски униформи, во местото Лакнас кај Тирана нападнале блиндирано возило, кое превезувало пари на една приватна албанска банка.
Како што јави дописникот на МИА, на блиднираното возило, кое било придружувано од уште еден автомобил со лица од агенција за обезбедување, му бил попречен патот од џип во кое биле најмалку чеворица лажни полицајци.
Тие со железни шипки ги искршиле прозорците на возилата и под закана ги извлекле лицата кои биле во нив, земале четири вреќи со пари во кои имало 50.000 евра и се оддалечиле од местото, пукајќи од автомтски пушки.
Подоцна полицијата го пронашла запалено возилото марка „Џип“, со кое разбојниците избегале. Подоцна било утврдено дека џипот е украден.
Полицијата се сомнева дека крадците добиле иформации за транспортот на пари од вработени во агенцијата за обезбедување, од каде на разговор се повикани шест лица.