Лажниот оргазам го открива ризикот од неверство

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Дебатата околу жените кои симулираат оргазам, не е нешто ново. Сега меѓутоа истражувачите дошле до заклучок дека зачестеноста на оваа практика може да предвиди колку верна е жената.

Со други зборови – колку почесто се случува нежната половина да симулира оргазам, толку посклона е да го изневери партнерот.

Интересно е дека не се открива врската меѓу жените кои имаат помалку оргазми и зголемениот ризик од неверство. Ова се однесува само за оние кои се преправаат дека достигнуваат до високиот момент.

За целите на истражувањето учество земаат 138 жени и 121 мажи кои се студенти и имаат хетеросексуални врски.

Жените се прашани колку интензивни и чести се оргазмите, а мажите даваат информации за тоа колку често сметаат дека нивната девојка добива оргазам.

Сите учесници се прашани и дали го изневерувале партнерот и колку склони се да изневерат во иднина.

Авторите на студијата делат пред Daily Mail дека симулацијата на оргазам се поврзува со женското сексуално неверство и намалено задоволство од врската кај мажот.

Со други зборови, лажните оргазми зборуваат многу повеќе за веројатноста жената да изневери, отколку реалните оргазми.