Лајчак и Ескобар разговарале со заменик генералниот секретар на НАТО за изнаоѓање решение меѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska
267 прегледи

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денес се сретнаа со заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, со кого меѓу другото разговараа и за изнаоѓање решение меѓу Белград и Приштина.

НАТО продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ – како главна платформа за градење траен мир и безбедност во целиот регион – и сите напори насочени кон подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан, според изјавата објавена на веб-страницата на НАТО по средбата на тројцата официјални лица.

Џоан истакна дека НАТО и Европската унија вложуваат интензивни напори за намалување на неодамнешните тензии, особено на северот на Косово.

Слични содржини