Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува позитивниот тон во извештајот на Европската комисија во однос на посветеноста на властите на ЕУ агендата, со оглед на тоа дека имавме пробив во јули во однос на процесот на отворање на преговорите и формален почеток на скрининг процесот.
-Она што е важно е дека имаме зголемено ниво на подготвеност за преземање на обврските за членство е во поглавјето за заедничката надворешна безбедносна политика со ЕУ, а ова е прв извештај за земјава по одржувањето на Првата меѓувладина конференција на 19-ти јули годинава. Потенцираме дека е голем напредок што Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји презентирајќи го извештајот, кажа дека Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи и оти ова е пробив за земјата, велат од ЛДП.
Од партијата додаваат дка заеднички и брзи напори се неопходни од сите партии со цел приоритет да се даде на зајакнатата улога на Парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, особено во процесот на реформската агенда на ЕУ.