ЛДП: Оставка на Емил Димитриев, формирање Влада на национално единство

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Неотповиклива оставка од премиерот Емил Димитриев, задолжен за спроведување на изборите и итно формирање на Влада на национално единство. Ова е единствениот пат за излез на државата од актуелната политичка, економска и морала криза, што ВМРО-ДПМНЕ ја наметна по своја воља.

ldp_12

Техничкиот премиер Димитриев во изминатиот период со ништо не покажа дека се залага и работи на сите предуслови за овозможување на фер, демократски и кредибилни избори, како и споведување на препораките од извештајот на Прибе. Напротив, со сите свои постапки помага во изигрување на Договорот од Пржино, остава простор за уште поголеми сомнежи за непрочистениот избирачки список, а се повеќе не’ оддалечува и од регулацијата на медиумите и избалансираното медиумско известување. Секојдневно сме сведоци на обидите на власта да се загуши револтот и правото на протест на граѓаните со контрапротести, закани и протисоци, особено врз вработените во админстрацијата.

Во овие тешки моменти за државата, кога тензиите и поделбите меѓу граѓаните од час во час се повеќе се зголемуваат, убедени сме дека формирањето на Влада на национално единство ќе биде најдобриот чекор за излез од кризата, се вели во соопштението на ЛДП.