ЛДП: За да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сувите дрвја во Скопје, и да се заменат со нови

од Илинка Илиоска
50 прегледи

По секој пороен дожд или силен ветер, граѓаните пријавуваат штети, а Град Скопје се однесува како да нема градоначалник, реагираат од Либерално-демократската партија.

– Со цел да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сите суви дрвја во Скопје, и да се заменат со нови, здрави садници, со што ќе се обезбеди континуитет во зелениот појас на нашиот град и ќе се подобри квалитетот на животната средина. Овие дрва претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите граѓани и нивните возила, бидејќи постои голема можност од паѓање и предизвикување штети, предлагаат од партијата.

ЛДП ги повикува надлежните институции во Град Скопје да преземат соодветни и брзи мерки за решавање на овој проблем.

-Нашата цел е да обезбедиме сигурност и убавина за сите жители на Скопје, велат од ЛДП.

Слични содржини