Ле Дријан: Конфликтот во Украина ќе трае, последиците се долгорочни

од Stefanija Kuzmanovska

Светските лидери треба да се подготват војната во Украина да трае и да ги разгледаат нејзините долгорочни последици, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

„Сега треба да се справиме со конфликтот што ќе трае, а со тоа и да се справиме со последиците од овој конфликт на меѓународно ниво на долг рок, особено во областа на стабилно снабдување со храна“, рече Ле Дријан, пренесува Би-Би-Си.

Францускиот министер за надворешни работи истакна дека лидерите сега треба да се справат со војната во Украина како долготраен конфликт што ќе предизвика сериозни последици ширум светот.

Слични содржини