130
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека на денешниот состанок во Луксембург ќе се обиде да ги убеди скептичните земји во Европската унија да се согласат на договор за данок на добивка, но призна дека постигнувањето договор е „многу тешко“.
Европските власти велат дека се очекуваше денеска да биде постигнат договор со ЕУ, откако Полска го повлече своето противење за минималниот корпоративен данок од 15 отсто за големите мултинационални компании, но Унгарија се појави како пречка во последен момент.
Преговорите со ЕУ имаат за цел да ја преточат во закон глобалната реформа на корпоративното оданочување, која беше договорена од речиси 140 земји минатиот октомври.