41
Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави пред новинарите по пристигнувањето во парламентот лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.
Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (НС) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.
„Тоа е само одложување“, рече таа пред Националното собрание, во кое се враќаат пратениците на НС и посочи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.