Однесувањето на францускиот претседател Емануел Макрон наликува на подготовки за војна, изјави денес Марин Ле Пен, лидерка на десничарската партија Национален собир (RN).
„Не знам дали Емануел Макрон навистина сака мир (во Украина). Имам впечаток дека се подготвува за војна“, рече Ле Пен, според телевизискиот канал LCI.
Еден ден откако Емануел Макрон ја посети Украина за да посредува во прекин на огнот со Русија, Марин Ле Пен го обвини францускиот шеф на државата дека се става во „позиција на воин“.