276
Прекинот во НБА лигата им создаде многу проблеми на кошаркарите, кои бараат начин како да се соочат со 24-часовниот карантин.
Многумина не знаат што да прават со нив, а меѓу нив е и Леброн Џејмс.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, во отсуство на кошарка, се посвети на уште една страст – виното.
„Ми треба партнер за пиење вино“, напиша Џејмс на Твитер.
I need a vino drinking partner! 🍷🤷🏾♂️.
— LeBron James (@KingJames) March 16, 2020
Леброн со објавата покрена лавина од одговори на навивачите. Некои доброволно му се понудија да бидат партнери, други го критикуваа за неспортско однесување.