Леброн Џејмс: Пијам вино речиси секој ден, добро е за срцето

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс вели дека пие вино секој ден и верува дека тоа е добро за неговото срце, пишува „Инсајдер“.

Ветеранот, кој за 2 недели ќе наполни 37 години, за ESPN изјави дека виното е една од причините поради која ја играл најдобрата кошарка во неговиот живот.

„Слушнав дека е добро за срцето. Видете, ја играм мојата најдобра кошарка во кариерата, а тоа е веројатно затоа што пијам вино секој ден. Што и да треба да направам за да ја подобрам мојата игра, ќе го направам тоа“, изјави Џејмс.

А сепак – не е толку лесно да се каже дали виното помага или е само мит. Според некои експерти, виното може да има штетно влијание врз телото и да го забави закрепнувањето од повредите.

Џејмс вели дека претходно не сакал вино, но станал голем обожавател по 30-тата година од животот. Кралот, како што го нарекуваат во лигата, не е единствениот љубител на виното, откако иста страст делат и неговите пријатели Двејн Вејд, Крис Пол и Кармело Ентони, како имладата ѕвезда на Феникс, Девин Букер.

Леброн Џејмс објаснува дека речиси секој ден пие вино во последните шест години. За тоа време, тој не пропуштил НБА Ол-стар натпревар и ја зголемил својата минутажа на теренот, како и просечниот број поени, скокови и асистенции по натпревар.

Оваа сезона, сепак, поради различни повреди пропушти 12 натпревари.

Според Џејмс, постојат научно докажани придобивки од пиењето вино.

Слични содржини