Леброн Џејмс му симна капа на Денвер, но не даде одговор за неговата иднина во НБА

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс е елиминиран со својот тим Лос Анџелес Лејкерс втора година по ред од Денвер Нагетс во плејофот на Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

„Прво, да му симнеме капа на шампионот Денвер. Тие се одличен тим, имаат одличен тренер и направија се што требаше да направат за да се пласираат во следната рунда. Да им оддадеме признание“, изјави 39-годишниот кошаркар откако неговиот тим ја загуби серијата со 1:4.

Неговата 21 сезона во НБА заврши предвреме, а тој имаше опција до крајот на јуни да ја активира клаузулата да остане уште една година во Лејкерси или да стане слободен агент.

„Во моментов размислувам само за моето семејство. Да не зборуваме за кошарката. Сега ќе се фокусирам на моето семејство, а потоа ќе бидам на тренинг кампот во Лас Вегас“, рече Џејмс, кој повторно ќе се соедини со олимпискиот тим на САД на почетокот на јули за Игрите во Париз.

Тој претходно јасно кажа дека сака да игра во НБА со неговиот син Брони Џејмс Јуниор, кој беше драфтуван во јуни, но сега Леброн Џејмс вели дека „не размислува премногу за тоа

„На крајот, детето ќе одлучи што ќе прави. Велам дете, но тој е млад човек. Тој ќе го избере својот пат во кариерата“, рече тој.

„Претпочитам да не одговорам“, рече Џејмс на прашањето дали ќе продолжи со Лејкерси или дали го одигра последниот натпревар за тимот.

Слични содржини