Леброн го ПОНИЖИ поранешниот соиграч: „Кралот“ го прескокна центарот на Кливленд и брутално заби (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
443 прегледи

Леброн Џејмс се врати дома и таму немаше милост за својот Кливленд. Лејкерси славеа со 131:120, а 37-годишниот кошаркар прикажа неверојатна партија.

Леброн постигна 38 поени, додаде 11 скока и 12 асистенции, но сепак сите зборуваат за едно брутално забивање.

Жртвата беше неговиот поранешен соиграч Кевин Лав. Крилниот центар на „кавалирс“ беше под кошот, Џејмс трчаше во полн ек, а останатото беше чиста уметност.

Лав не успеа ни да скокне. На крајот Леброн за малку ќе го прескокнеше со својот неверојатен скок и забивање!

Слични содржини