Леброн ја отфрли идејата за пораките на дресовите затоа што не го прашале за мислење ?!

од Vladimir Zorba

НБА лигата им даде можност на кошаркарите да ги користат своите дресови како платформа за испраќање пораки подоцна во сезоната, но Леброн Џејмс нема да го стори тоа.

Еден од најдобрите играчи на денешницата реши да го носи презимето на својот дрес, како и досега.

Лигата го утврди списокот на пораки што може да се најдат на опремата, но тие не се доволно добри за кошаркарот на Лејкерс.

„Нема да ја носам пораката на мојот дрес. Не е непочитување на списокот што беше понуден, јас го поддржувам, но тоа не е нешто што е во согласност со мојата мисија и мојата цел“, рече Џејмс.

Тој изјави дека би сакал да биде дел од тимот што ги избрал пораките и додаде дека има некои идеи.

„Јас не бев дел од процесот и тоа е добро. Јас сум во ред со тоа. Не мора да имам порака на мојот дрес за луѓето да ја разберат мојата мисија или причината зошто сум тука“, додаде Џејмс.

„Најпопуларната“ порака меѓу играчите е „Еднаквост“. Таа, меѓу другите, беше избрана од Руди Гобер и Јусуф Нуркиќ и ќе ја има на дресовите, на нивниот мајчин јазик.

Слични содржини