Леброн Џејмс зборуваше за медиумите откако се врати на паркетот по повредата на глуждот.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс немаше играно од 20 март и мечот со Атланта.
Синоќа тој постигна 16 поени против Сакраменто, а имаше и осум скока и седум асистенции во поразот, што можеше да го спречи со тројка во финишот.
„Брзав да се вратам после повредата. Можеше да се види часови и часови тренинзи и работа на рехабилитација. Повеќе одев во теретана отколку што спиев. Во последните шест недели, тоа е сè што имав правев“, рече Џејмс и додаде:
„Знаев дека не можам да се вратам 100 проценти назад. Тоа е невозможно. Мислам дека никогаш повеќе нема да бидам 100 проценти подготвен“.
Лејкерси во моментов се наоѓаат на петтото место на Западот со шест победи помалку од Денвер.
„Останаа само девет натпревари. Сезоната беше пеколна. Но, ние со нетрпение го очекуваме предизвикот. Тоа е што е. Сезоната е ваква и ние треба да го искористиме максимумот“, истакна Леброн.