Леброн откри каде би сакал да ја заврши кариерата

од Nikola Popovski

Леброн Џејмс би сакал да ја заврши својата богата кариера во Лос Анџелес Лејкерс.

Тој играше во НБА веќе 18 години, а сè започна во 2003 година во Кливленд Кавалирс.

„Навистина се надевам дека можам да ја завршам кариерата во Лејкерс. Без оглед на тоа за колку години, дали четири, пет, шест, седум. Се надевам дека ќе можам да продолжам да играм. Сакам да бидам дел од Лос Анџелес, моето семејство го сака овој град“, изјавил Џејмс.

Договорот на џејмс истекува во 2023 година, а дотогаш ќе заработи 85.000.000 долари.

Рекордот по бројот на сезони во НБА лигата го држи Винс Картер, со 22.

Слични содржини