Леброн позитивен на корона, НБА воведува драстична мерка

од Vladimir Zorba

Леброн Џејмс е надвор од тимот на Лејкерс и влезе во здравствен безбедносен протокол поради коронавирусот, јавуваат американските медиуми.

Според новите правила на натпреварување, играчите кои се вакцинирани влегуваат во ковид-протоколот само доколку имаат позитивен тест за вирусот.

Леброн пропушти 12 од 23 натпревари оваа сезона поради проблеми со повреди и суспензија, а тимот има 7 победи и 4 порази со него во тимот, односно 5 победи и 7 порази без него.

Во текот на првите 15 сезони, Леброн Џејмс пропушти 71 натпревар, додека истиот број на натпревари пропушти во последните четири сезони.

НБА одлучи да воведе задолжителна трета „бустер“ доза од вакцината поради овој случај.
Џејмс е голем поборник за вакцинација.

Слични содржини