Леден колач од јагоди (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Времето на јагодите секогаш го користиме за најслатки десерти, а денес ви пренесуваме рецепт за колач кој се подготвува за еден час!

Состојки:

300 мл засладена слатка павлака
800 гр јагоди
150 гр сечкани јагоди
300 гр бисквити
шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, па додадете ги изблендираните јагоди и промешајте. Во смесата истурете ги сечканите јагоди и промешајте. Обложете сад со проѕирна фолија и над него ставете го бисквитот по ваш избор. Истурете ја смесата со јагоди, па прелијте по уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.

Слични содржини