Леден овошен пијалок

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Вистински летен пијалок со фантастичен вкус.

Состојки:

– 300 гр малини, капини, боровинки или вишни по желба

– 200 мл јогурт

– 1-2 лажици мед

– 10 мл сок од вишни

– малку цимет

– мраз

Подготовка:

Овошјето ставете го во блендер, додадете мраз, јогурт, мед, цимет и сок од цреша.

Сè добро измешајте за да добиете едноличен напиток.

Ако сакате поредок пијалок, додадете уште малку сок од цреша.

Истурете во чаши и послужете веднаш.

Слични содржини