Ледена студена арктичка маса го зафати поголемиот дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови

од Radmila Tasevska
181 прегледи

Голем дел од Соединетите држави е зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а повеќе од 4.500 летови се откажани на аеродромите низ земјата поради силни ветрови и виулици.

Во поголемиот дел од земјата е издаден црвен метеоаларм, а се очекува дека снегот во текот на претстојниот викенд ќе предизвика големи проблеми во сообраќајот, пренесува Ројтерс.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Слични содржини