„Немаме намера да се мешаме во внатрепартиски односи, но малку е парадоксално најголемата опозициска партија со која заедно делувавме во Собранието и гледаме каде власта не доведе со задолжувањето, најголема инфлација, тука е и корупцијата. И сега како ќе се пронајдете во таква Влада. Или прашањето е дали влегуваат во Владата за спас на процесот за евроинтеграција или за спас на премиерот Димитар Ковачевски“, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги информациите за влез на Алијанса за Албанците. Тој додаде дека во една ваква ситуација Алијанса за Албанците треба да размисли за чекорот за евентуален влез во Владата.
Според него сите овие прашања за зголемување на владејачко мнозинство зборуваат само колку не е стабилна поддршката на Владата.
„Ковачевски не се појави на избори и сега има потреба да си го докажува легитимитетот и затоа се обидува да прави нови коалиции“, посочи Лефков.