ЈО да отвори постапка, дали Ковачевски е дел од злосторничко здружение во соларниот картел тежок 26 милиони евра? ЈО не смее да ги игнорира фактите кои говорат дека премиерот е во центарот на аферата Броило. ЈО мора да отвори постапка и да ги истражи фактите, ова денеска на прес-конференција го истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека „соларниот картел зазема сегашни димензии, кога Ковачевски станува премиер“.
-4 месеци откако Ковачевски седнува на премиерската фотелја во Бугарија се формира фирма Солар Хорајзон, истата фирма во август месец оваа година заедно со Пиксел груп основана од Ковачевски отпочнува со инвестиција во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра. Во ТИРЗ Тетово, како и во сите други индустриски зони важат посебни ослободувања. А според написите во медиумите, фирмата основана од Ковачевски ќе преговара и за државна помош. ЈО да не чека. Фактите се изнеси во јавноста и секој може да ги цени, а тие да постапат согласно закон и да утврдат одговорност, истакна Лефков.