Лефков: Бисера Антоанета купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон. Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале, изјави Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде. ва е раскалашено однесување и доказ како СДС ја ограбувале државата. Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот Бисера Антоанета – вели Лефков.

Слични содржини