Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за министерот за здравство, Венко Филипче, за набавката на кинески вакцини по 62.5 долари преку фантом фирма од Хонг Конг.
„Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг. Прашањето и денеска е дали се работи за муртинската „30 за Синофарм, 30 за Вицето“. Греота е кога доктор како тебе кој наместо да спасува животи, утре ќе треба да одговара, но никој не те присилуваше да бидеш извршител на Зоран Заев“,вели тој.
„Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел сега ќе поднесеме претставка. Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии. Загрозено е здравјето на илјадници, а директно на душата Заев и Филипче носат стотици наши сограѓани, кои умреа како последица од КОВИД 19 во изминатиот период, во кој можеше да се набави вакцина, а тоа не се направи. Со секој поминат ден без вакцина, десетици и стотици луѓе одат на совеста на Заев и Филипче. Одговорност мора да има, додаде Лефков.