Лефков поднесе претставка до ДКСК за Ковачевски

од Nikola Popovski
160 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска поднесе претставка до Антикорупциската комисија за премиерот Димитар Ковачевски, за аферата „Броило“.

-Залудни им се сите обиди да го амнестираат премиерот, кога тој потоа излегува на емисија и признава дека во време додека  бил заменик министер за финансии, исплаќана е државна помош на фирмата основана од него, а сега водена од неговиот кум, Пиксел груп. И во целиот овој период од 5 години, Пиксел груп на Ковачевски добива државна помош, и во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, факти кои и самиот тој ги признава. Но и во време додека е мандатар за избор на нова влада, кога на Пиксел груп и се префрлени над 200 илјади евра, наведе Лефков.

Тој побара ДКСК да не потклекнува под политички притисок и ја охрабрува да делува согласно закон.

Слични содржини