„Таквата дебата би била само отгрнување на вниманието од вистинскиот проблем, а тоа е дека господинот Џафери во повеќе наврати ги повреди и Уставот и законите и процесите во самото Собрание“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за повторно вратената интерпелација за спикерот Талат Џафери.
Според Лефков, Џафери денес ја врати интерпелацијата, наводно поради непочитување на членот 136 од Деловникот, односно дека не се содржани сите елементи.
„Ова е недолично однесување на спикерот“, обвинува Лефков, гостувајќи во емисијата „Жешко политичко лето“.
Џафери ја врати повикувајќи се на членот 136 од Деловникот, односно некористењето на уставното име, а координаторот на пратеничката група на најголемата опозициска партија, Никола Мицевски, вели дека тоа е неосновано.