Германија денеска го отвори патот за легализирање на купувањето и поседувањето на мали количини марихуана за рекреативна употреба, како и нејзино производство, пренесуваат агенциите.
„Федералната влада денеска ги договори клучните точки за контролирана дистрибуција на канабис за возрасни за рекреативна употреба“, рече министерот за здравство Карл Лојтербах на прес-конференција во Берлин.
Тој ги откри плановите за декриминализирање на поседувањето до 30 грама канабис.
Сè уште е нејасно дали планот одобрен од владата ќе продолжи, бидејќи владата прво сака да се увери дека е во согласност со правото на Европската унија. Министерот за здравство рече дека ќе продолжи со законот само ако е тоа случај, јави РСЕ.
Планот предвидува продажба на канабис на возрасни во лиценцирани продажни места, а целта е борба против црниот пазар, рече Лојтербах.
Ддаде дека Владата има намера цврсто да го регулира пазарот.
Легализирањето на контролираната продажба на канабис е една од низата реформи наведени во минатогодишниот коалициски договор меѓу трите социјално либерални партии кои ја сочинуваат владата на канцеларот Олаф Шолц.
Тие рекоа дека планот ќе обезбеди контрола на квалитетот додека ги штити младите и се согласија дека „социјалните ефекти“ од новиот закон ќе бидат разгледани по четири години.