Легендарниот напаѓач Самуел Ето целосно ги загуби нервите и шутна човек кој го изнервира по мечот Бразил – Јужна Кореја (4:1) пред стадионот 974 во Катар.
Поранешниот стрелец, кој сега е претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун, како што може да се види на видеото, прво бил расположен и се сликал со навивачите, а потоа навистина се налутил и го шутнал човекот кој снимал.
[VIDEO] Samuel Eto’o golpea peligrosamente a una persona al final del partido entre Brasil y Corea https://t.co/smWcShJBYE pic.twitter.com/aXacvIHIdM
— La Opinión (@LaOpinionLA) December 6, 2022
Видеото е објавено на Твитер профилот на „La opiniona“, а се гледа дека Ето едвај бил задржан и по ударот со кој го испратил на подот човекот кој наводно е Јутјубер.
Ето (41) е во Катар во улога на еден од амбасадорите на Мундијалот…
– Не разбрав што зборуваат. Слушнав дека Ето со лут тон разменува зборови со навивачот. Почнал да го брка без контрола. Навивачот ја зеде камерата и ете каде Ето згреши. Наместо да замине, упати тупаници – раскажува Рикардо Лопес Хуарез, новинар од „Ла опинион“ кој бил сведок на настанот.
Тој исто така вели дека се исплашил:
– Сакав да видам што се случи, а потоа Ето тргна кон мене, мислеше дека во тој момент го снимам. Тој се соочи со мене и тогаш мислев дека ќе ме нападне. Го прашав што се случи, но тој не можеше да зборува артикулирано, беше толку лут.