344
Легендарната шведска поп група AББА денеска го претстави својот нов албум „Voyage“, 40 години по распаѓањето на славниот бенд.
„Снимивме нов албум“, рекоа Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74), претставувајќи го албумот во Лондон, каде што изведоа една од новите песни “I Still Have Faith in You”.
Новиот албум официјално ќе излезе на 5 ноември.
Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, бендот го сочинуваа Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтски (71).
Бендот исто така најави турнеја, но виртуелна со холограми од членовите.
Со песната „Ватерло“ во 1974 година, АББА победи на Евровизија, а остана запаметена по хитовите како”Dancing Queen”, “SOS”, “Mamma Mia”, “Money, Money, Money”, “Take A Chance On Me” и други.